(Во живо) Ковачевски пазарува, жена го прашува што е поевтино


Премиерот Димитар Ковачевски по третпат е на пазарење во скопските маркети. Тој и овојпат е со камери, по претходна најава, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски, тргна да пазари во скопски маркет.

Претходно, Ковачевски проверуваше цена на лебот, како и цена на тестенините и млечните производи.

Денеска пак, додека пазаруваше една жителка на Скопје го праша Ковачевски што е намалено, што е поевтино, а тој директно ѝ одговори кои производи се со замрзнати цени, а кои се намалени по десетина проценти.