(Во живо) Ковачевски на Самитот на ЕПЗ во Гранада
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, учествува на третиот Самит на Европската политичка заедница во Гранада, Шпанија. На Самитот учествуваат лидери од вкупно 47 земји, од кои 27 земји-членки на Европската Унија, земји од Западен Балкан, Швајцарија, Норвешка и Исланд, како и Азербејџан, Грузија, Турција и Украина. Учество на третиот Самит на ЕПЗ ќе земе и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Пред почетокот на Самитот на Европската политичка заедница, премиерот Ковачевски ќе има изјава.