(Во живо) Конференција за „Справување со загадувањето на воздухот“
Се презентираат резултатите за квалитетот на внатрешниот воздухот во Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.
Настанот ќе го отвори Н.Е. Ами Ларсон Џејн, амбасадорка на Шведска и Армен Григорјан,
постојан претставник на УНДП. Резултатите од истражувањето ќе ги сподели проф. Дејан
Мираковски, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“. На панел дискусија ќе се обратат проф.
Весна Јаневска , министерка за образование и наука, проф. д-р Арбен Таравари , министер за
здравство и Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади.
Настанот се организира во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“,
којшто го спроведува УНДП во партнерство со Министерство за животна средина и просторно
планирање , како и општините Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.
Проектот е дел од Рамковната програма на УНДП, којашто е финансирана од Шведска, а го
вклучува и проектот „Јакнење на општинските капацитет за имплементација на проекти.“