(Видео) Комисијата предложи учениците да не носат маски во училиштата


Учениците не мора повеќе да носат маска за време на часовите, препорачува Комисијата за заштита од заразни болести.

Кој сака, може и понатаму да носи маска, појаснуваат од таму, но повеќе не е задолжителна. од друга страна пак, наставниците и техничкиот персонал и понатаму мора да носат маски.

Комисијата за заштита од заразни болести, ја разгледа епидемилошката состојба од минатата недела и врз основа на бројките и кретирумите за објективизирање на проценката на епидемиолошкиот ризик донесе три мерки.

– Првата мерка се однесува на носење маски во основни училишта, кадешто ги ослободуваме од обврската учениците во основните училишта да носат маски. Обврската за носење маски останува за наставниците и за техничкиот персонал. Втората препорака се однесува на капацитетот на исполнетост на затворени објекти, како опери, театри, кина и други затворени објекти, кадешто досега функционираше рестрикција за максимална исполнетост од 50 отсто, сега одиме на 75 отсто. третата препорака се однесува на користење сертификати во отворени угостителски објекти, каде препорачување да не се бараат сертификати во отворениот дел од угостителските објекти – рече претседателот на Комисијата д-р александар петличковски, мна денешната редовна прес-конференција.

Проследете ја во живо прес-конференцијата на Комисијата за заштита од заразни болести.