(Видео) Изјави на Заев и Рама
На маргините на Првиот Економски Форум во Скопје изјава за медиуми ќе дадат премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев и премиерот на Република Албанија, Еди Рама
Ние повторно ќе треба да чекаме, но ќе продолжиме да го правиме истото, и да се потпираме на себе, а не само на тоа што го кажува Брисел, изјави премиерот на Албанија Еди Рама на панел на Првиот Економски форум во Скопје на кој учествува и премиерот Зоран Заев коментирајќи го неуспехот вчера на ЕУ да испорача почеток на преговори за Скопје и Тирана.
-Ние повторно ќе треба да чекаме. Но, за мене ова не е чекање, едноставно треба да продолжиме да го правиме истото, да одиме напред и не само да се потпираме на тоа што го кажува Брисел, меѓутоа да се потпираме на самите себе, на нашата сопствена енергија да направиме максимум со цел да ги споиме мисиите во една мисија, народите во еден народ, земјите во една зона каде што нема да има ограничувања на соработката, рече Рама на обраќањето нарeкувајќи го брат премиерот Зоран Заев.
Тој ја нагласи важноста од регионалната соработка за напредок на регионот.
-Ние сме премали за да живееме изолирани едни од други, премали за да ја бараме иднината за нашите деца сами, но ние тоа можеме да го направиме заедно. Нашите простори кои се ограничени со граници не се доволно привлечни за да се направи трансформациска промена како економии, но нашата заедничка економија е привлечна и ние треба да ја направиме доволно привлечна за сите, да инвестираат да видат можност за екопномски развој за своите компании и за луѓето во овој регион, порача Рама.
Според него, по решавањето на спорот со Грција и потпишувањето на Преспанскиот договор, сите имаат право да се чувствуваат фрустрирано од блокадата која, овој пат, доаѓа од Бугарија.
-Сите имаат право да се чувствуваат целосно фрустрирани затоа што одеднаш сега се појавува Бугарија и бара нешто повеќе. Му реков на Зоран се надевам дека нема да бараат да се наречете Западна Бугарија затоа што тогаш ќе треба да се вратите пак кај Грците да преговарате, рече на шега Рама.
Според него, неуспехот да се донесе одлука за почеток на преговорите со С Македонија и Албанија е неуспех на ЕУ.
-Не сме ние тие кои што не успеавме, тие не успеаја. Тие ги имаат своите причини и ги рабирам тоа е нивниот дом, а ние сакаме да влеземе во таа куќа. Ние сме европејци без ЕУ, ние сме ЕУ но сепак сме Европа. Единствеениот проблем е што сепак тие можеа да кажат „ние ве сакаме, сакаме да бидете внатре но имаме некои работи кои прво треба да си ги решиме. Вашите простории, вашите соби се уште не се подготвени“. Тоа што тие постојано го викаат е вие уште не сте подготвени, но тоа не е вистина. Едноставно можеа да кажат „си ја завршивте работата, но ние не сме подготвени, рече Рама.