(Видео) Изјави на Ковачевски и Фон дер Лајен

Северна Македонија денеска ги отвора преговорите за членство во ЕУ, откако прва меѓу земјите од регионот на Западниот Балкан на 9 април 2001 година во Луксембург ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација


Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски денеска во Брисел ќе присуствува на првата Меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ. Со оваа Меѓувладина конференција, конечно по 17 години чекање, земјава официјално ги отвора преговорите за членство во ЕУ, откако прва меѓу земјите од регионот на Западниот Балкан на 9 април 2001 година во Луксембург ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација, која стапи во сила во 2004 година, а една година подоцна го доби и статусот на земја кандидат за членство во ЕУ. На Конференцијата премиерот Ковачевски отворачката изјава ќе ја прочита на македонски јазик.

Пред одржувањето на Меѓувладината конференција, премиерот Ковачевски ќе има средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Проследете ги нивните изјави: