(ВИДЕО) Рускоска не верува дека е сменета под притисок на актуелната влада

Рускоска рече дека има право да бара казнување на Управата за финансиска полиција бидејќи ниту еден од бараните документи не ги добила се уште


Суспендираната јавна обвинителка за организиран криминал и корупција , Вилма Рускоска , откако ја поднесе жалбата за одлуката на Јавното обвинителство да биде суспендирана од функцијата поради незаконско постапување, ја отфрли можноста некој политичар „или политика“  да стои зад неа и дека таа настрадала – затоа што чепнала каде што не треба. 

-Го слушав професорот Гордан Калајџиев  кој инсинуираше таква работа, но јас како јавен обвинител не сакам да поверувам во тоа, рече Рускоска.

По новинарските инсистирања да биде поконкретна за причините и заднината на нејзиното суспендирање Рускоска рече дека не верува дека имало политички притисоци да се донесе одлуката за неа, барем не од актуелната влада, напоменувајќи дека „имало и други влади“ претходно, очигледно асоцирајќи на владите пред оваа на премиерот Димитар Ковачевски. 

–Ниту  Јавното обвинителство ниту јавните обвинители можат да даваат насоки и укажувања за конкретен предмет. Јавното обвинителство не вршеше надзор за мојата целокупна работа и работата на  другите две обвинителки  туку за овој предмет (н.з. за финансиската полиција), што е апсолутно спротивно на законите и се создава многу лоша пракса“, рече Рускоска. 

Таа притоа не сакаше својата политичка судбина да ја спореди со таа на Катица Јанева. 

-Не, апсолутно. Ниту сум ја злоупотребила својата функција, ниту имам таква намера, а особено не за парични сретства.Воопшто не ја споредувам мојата судбина со истата“, рече Рускоска тврдејќи дека се што презела околу предметите, а особено овој заради кој дојде во судир со Арафат Муареми, директорот на финансиската полиција, било според законот.

Таа негираше исто така дека кога и да е најавила дека сака да биде јавен обвинител на Република Северна Македонија, поточно да седне на фотелјата на Љубомир Јовески.

-Сите знаете дека таа позиција е на предлог на владата, а јас не верувам дека ќе бидам нејзин предлог“ рече таа но не сакаше да појасни кој е тој што не ја сака како обвинител, нагласувајќи дека – не сака да заврши со тужба за клевета.   

-Ова не е суспензија против Русковска, ова е суспензија на правото и суспендирање на правдата, изјави таа .

„Само што доставив жалба до Советот на јавни обвинители. Членовите треба да се запознат со содржината на жалбата во која ги побивам наводите во решението. Без разлика што имаше соопштение дека предметите кои ги водам ќе продолжат со несмален интензитет, не верувам дека било кој колега ќе продолжи да постапува по нив, по ова што ми се случува мене“, изјави Русковска пред новинарите по поднесување на жалбата за нејзина суспензија.

Русковска соопшти исто така дека барале да им бидат доставени 250-300 предмети од финансиската полиција , но им биле доставени само триесетина, меѓу кои повеќе непотребни.

„Во финансиската полиција не дојдовме до докази. Со претресот наведовме кои предмети треба да ни бидат доставени меѓу 250 и 300 предмети. Ни беа доставени 30, повеќето од нив не ни беа потребни. Немаше доставено ниту еден предмет од тие што ги баравме.“, рече Русковска.

Таа додаде дека и било наредено предметот да го предаде на нејзина замена, но и таа била суспендирана.

„ Во решението за суспензија е наведено предметите да ги предадам на колегата мој прв заменик. Истата е од 15-ти на годишен одмор, не е на своето работно место, не можев ниту предметите да ги распределам. Таа не може да ги работи, затоа што и против неа е поведена дисциплинска постапка, а секој обвинител кој би ги добил, не знам како би постапувал после ова што ми се случи“, вели Русковска.

Таа дојде со дојде со обезбедување, за кое рече деа и е од претходно, а дека сега засега, немала никакви закани.

-Ова обезбедување ми е од претходно. Сега за сега немам никакви закани, рече Русковска. Таа не образложи што стои во жалбата, туку остави прво Советот да ја разгледа, па потоа да знае јавноста.