(Видео) Изјава на Неделков од СОНК: Можно е учениците уште утре да се вратат во училиште

Теоретски е можно утре да продолжи учебната година за учениците, прекината со штрајкот на вработените во образованието.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, денеска пред предбата во МОН, на која треба да донесат решение за барањата на вработените во образованието, односно зголемување на платите, рече дека се надева оти ќе имаат добар предлог од властите и дека ќе постигнат решение.
– Со оглед на тоа што од МОН денеска имаше изјава дека има сериозен пристап кон решавање на овој проблем, односно се прават максимални напори да се доближат со процентот, тој што го побара СОНК, само по себе дава за право да бидеме оптимисти на денешната средба и од министерот за образование и наука да слушнеме нешто поконкретно. За волја на вистината три дена се штрајкува, претходно и 30 дена поминаа во преговори, не добивме конкретен предлог во однос на нашето барање и од таа причина денеска сме уверени дека ќе имаме нешто повеќе да соопштиме на јавноста – рече Неделков пред средбата во МОН.
Тој вели дека тие сакаат што побрзо штрајкот да заврши во интерес на учениците и родителите.
Сепак, за прекин на штрајкот и за враќање на учениците во училишните клупи уште од утре вели дека времето е кусо.
– Тоа зависи од повеќе фактори, но најмногу од тоа колку ние брзо и експедитивно предлогот ќе го доставиме до синдикалните организации. Тоа би значело во попладневниве, вечерни часови, за повратно да добиеме одговор од 600 синдикални организации и 20 регионали одбори, сумирани резултатите, за вечерва, ноќеска, советот на СОНК да донесе одлука – вели Неделков.
Проследете ја изјавата на Јаким неделков пред средбата во МОН за прекин на штрајкот во образованието.