(Во живо) ИЧП: Од сајбер-булинг најмногу страдаат девојчињата
Дури 20 отсто од средношколците во Македонија се соочиле со некој вид сајбер-насилство, потврдуваат податоците од проектот спроведен од Институтот за ловекови права, по анкета на примерок од 1.017 учесници од средните училишта од сите осум плански региони.
Спроведената анализа покажала дека сајбер-булингот опаѓа со растењето на децата. Односно, во средно, на 16-17 години веќе не е толку застапен, затоа препорака е превентивните и образовните мерки да се преземат на ниво на основно образование.
Исто така, податоците покажале дека со опаѓањето на сајбер-булингот, се појавува физичкото насилство. Имено, она што мислевме дека е искоренето или го има само инцидентно, нападите меѓу ученици од различни етнички групи, се случуваат почесто. Во автобусите на ЈСП кон Чаир, Бутел, на вториот кат на автобусот каде нема камери, група ученици се собираат и претепуваат соученик, кој не е припадник на нивната етничка група.
Девојчињата повеќе време поминуваат на социјалните мрежи, од момчињата, а најголем дек од насилството се случува на Тик-Ток и Инстаграм.
Анонимноста беше истакната како еден од проблемите, затоа што насилниците остануваат необележани, скриени… Откако некој ќе се охрабри да пријави, се вклучува цел „систем“ на заштитници на насилникот, преку врски во институциите кои треба да преземарт мерки за да престане булингот. Место тоа, жртвата останува обележана и дополнително виктимизирана, додека насилникот продолжува понатаму уште посилен, појасни Мартин Сопранов од институтот за човекови права.
Препораките се да се обучат наставниците и професорите за препознавање и справување со овие појави, службите во училиштата, психолозите и социолозите активно да се вклучат во заштитата на жртвите. Но, сето тоа треба да се прави системски и редовно, преку Министерството за образование, затоа што кампањски со проекти и одбрани училишта, не се постигнува доволен ефект. Препорака е и да се формираат групи за поддршка од соученици, родово униформни.
Креирање апликации каде онлајн може да се пријават за помош со еден клик. Онлајн медиумите, во форумите каде се разговара, модераторите и администраторите да ги отстрануваат коментарите, вели Даниела Антоновска, аналитичар.
Завршен настан во рамките на проектот „Борба против сајбер-булинг врз девојчињата во организација на Институтот за човекови права.
Проследете го во живо: