Во земјава имало 15 припадници на Фето, од кои две веќе си заминале

Фото: Б. Грданоски

Постапките што се однесуваат на екстрадиција на припадници на организацијата Фето кои се наоѓаат на територијата на Република Северна Македонија ги води Министерството за правда. Моите информации говорат дека се работи за 15 лица, од кои две веќе не се на територијата на нашата држава.

Ова е одговорот од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на новинарско прашање за барањето од министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар, за време на неговата посета на Скопје, да се преземе акција против припадници на Фето.

За подетални информации за тоа до каде се постапките Спасовски ги упати новинарите за одговори до Министерството за правда.