Во завршна фаза преговорите за преземање на НИС од унгарски МОЛ
Унгарската нафтена компанија МОЛ соопшти дека преговорите за купување на мнозинскиот руски удел од 56,15 проценти во Српската нафтена индустрија (НИС) влегуваат во завршна фаза.
Во извештајот за финансиските резултати за вториот квартал од годинава, МОЛ го издвои потпишувањето на договорот меѓу акционерите за идното управување со НИС, склучен на 16 јуни со Владата на Србија, како еден од „најважните настани“.
Канцеларијата за контрола на странска сопственост (ОФАЦ) при американското Министерство за финансии ја продолжи оперативната лиценца на НИС до 28 август. Претходната лиценца, која овозможуваше продолжување на работењето, односно преработката на сурова нафта, важеше до 31 јули.
На 31 јули МОЛ доби и официјална лиценца од ОФАЦ за продолжување на преговорите за купување на мнозинскиот руски удел во НИС до 28 август, соопшти компанијата преку Будимпештанската берза.
Санкциите што САД ги воведоа кон НИС во јануари 2025 година поради мнозинската руска сопственост стапија на сила на 9 октомври 2025 година.