Во затворен угостителски објект инспекцијата затекнала претседател на партија


Вечерва Државниот пазарен инспекторат беше спречен да изврши увид во еден угостителски објект, со образложение дека нема гости внатре, рече чеверва на вонредна прес-конференција раководителот на Инспекциски надзор одделение Скопје, Мери Проја Продановска.
– Колегите се вратија уште еднаш, па по 2,5 часа успеавме да влеземе внатре. Но, претходно излегоа луѓе, но инспекторот не е надлежен да легитимира. Сепак, препознаен е претседател на политичка партија. Еден апел до сите носители на функции и до сите граѓани, да се свестиме сите, да сфатиме дека ситуацијата е драматична. Јавната свест пред се. Уште еднаш замолувам, држете дистанца.
Таа најави дека угостителскиот објект ќе добие кривична пријава за работа внатре и непочитување на инспекциски надзор.
Продановска не кажа за кој претседател на политичка партија се работи.