Во Загреб, 78-годишник дилал кокаин


 

Загрепската полиција уапси 78-годишен маж кој се товари дека набавил поголема количина кокаин кој потоа го препродавал на илегалниот наркопазар.

Утврдено е дека осомничениот кокаинот го криел во стан на подрачјето на Нов Загреб, каде го препакувал и го препордавал.

Во претрагата во станот најдени се 7,3 грама кокаин спакуван во шест пакетчиња и дигитална вага за прецизно мерење, велат од полицијата.

Против него ќе бие поднесена казнена пријава пред надлежното државно обвинителство поради неовластено производство и проомет на дрога.