Во Вухан илјадници на улица ја прославија Новата година


 

Во жариштето на глобалната пандемија од корона вирус, кинескиот град Вухан, не изостана јавната прослава на Новата година. Илјадници жители на овој град на улиците ја дочекаа новата 2021 година.

Пред една година во овој повеќемилионски граф почна пандемијата која тешко го погоди цел свет. Кинеските власти со многу рестриктивни мерки во Вухан и во остатокот од државата ја ставија под контрола пандемијата.

Состојбата во меѓувреме се нормализира, а во оваа држава се регистрираат многу малку новозаразени, барем според официјалните податоци.

Жителите на Вухан одлучија да се придружат на јавниот дочек на Новата година и изјавија дека се претпазливи, но дека не се загрижени за присуството на големиот борј луѓе на улиците, пренесе Ројтерс.

За разлика од Вухан, во повеќето градови во светот нема јавен дочек на Новата година.