Во вторник вонредна средба на министрите за надворешни работи на ЕУ иранскиот напад врз Израел


Фото: Б. Грданоски

Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел соопшти дека на 16 април ќе се одржи вонреден видео состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ поради синоќешните ирански напади врз Израел.

– Нашата цел е да придонесеме за деескалација и безбедност во регионот, објави Борел на мрежата Икс.

Поради ирански напади врз Израел, за денеска е закажана видеосредба на Г-7, како и вонреден состанок на Советот за безбедност на ОН.

Светот стравува од ескалација на конфликтот во регионот, каде војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа трае повеќе од шест месеци, со зголемени судири меѓу Хезболах и израелската армија. Иран ги поддржува и Хамас и Хезболах.