Во ВМРО-ДПМНЕ гледаат „диверзија“ – струја снемало токму кога Мицкоски давал отчет


Од отчетот на ВМРО-ДПМНЕ

И големиот дефект при снабдувањето со струја на речиси цело Скопје опозициската ВМРО-ДПМНЕ го поврза со некаква „диверзија“ за да се наруши партискиот настан во Македонската филхармонија.

Од партијата преку соопштение велат: „Токму во моментите кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, даваше отчет за сработеното во првите сто дена снема струја во објектот на Македонска Филхармонија. Мицкоски продолжи со отчетот и во услови на немање на струја со својот говор. Власта на СДСМ ДУИ дoлжи одговори и одговорност зошто снема струја?
Бараме одговорност, затоа што никој не смее да ја замолчува демократија“.

Објаснувања зошто снемало струја во целиот главен град секако дека треба да има, но тоа да се поврзе со политичкат активност на една партија во најмала рака е невкусно.