Во Виница разбиена група која незаконски продавала тестови за Ковид – 19


Во Виница е разбиена група што незаконски продавала тестови за Ковид-19. МВР во координација со другите институции ќе ги санкционира ваквите појави, како што е случајот во Виница, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на неговиот фејсбук профил.
Тој апелира до граѓаните да им веруваат и да се обраќаат само на овластени медицински лица кои се матични лекари или епидемиолози на институтот или центарот за јавно здравје и да не наседнуваат на вакви измами.
– Само така заеднички ќе придонесеме за справување со корона вирусот, вели минситерот Спасовски.