Во Вермонт спасени 23 скијачи од снежно невреме


Екипи на итната помош на Вермонт спасија 23 скијачи и сноубордери кои беа пријавени за исчезнати во саботата.

Седум до девет лица биле пријавени за исчезнати во полициската управа во Килингон во центарот на Вермонт, а по распоредувањето на екипа за пребарување и спасување, било утврдено дека 21 лице, меѓу кои шест малолетни, се водат за исчезнати, пренесува Ју-Ес-Еј Тудеј.

Тимот за пребарување пешачел околу осум километри на ниски температури и откако сите лица биле пронајдени, со противпожарни и возила на прва помош биле евакуирани.

Во моментот кога спасувачите се подготвувале да заминат, било пријавено дека се изгубени уште две лица. До вечерта двајцата скијачи исто така биле однесени на безбедно.

Во текот на викендот, температурите во САД и до минус 30 степени во некои области, проследени со снежни бури и силен ветар.