Во Велика Британија се повеќе деца добиваат џепарлак исклучиво за извршување на домашните работи


Во Обединетото Кралство, сè повеќе деца добиваат пари ако ги извршуваат домашните работи како начин да заработат џепарлак.

Според податоците на британската компанија NatWest Rooster Money, која издава дебитни картички наменети за деца, децата со извршување на домашните работи за пари во текот на минатата година го зголемиле својот џепарлак за 9,23 фунти или три отсто во однос на 2022 година.

Податоците се добиени од анкета на повеќе од 300.000 деца на возраст од шест до 17 години кои ги користат услугите на споменатата финансиска компанија.

Утврдено е и дека има сè помалку луѓе кои на своите деца им даваат џепарлак како нешто што се зема здраво за готово без услуга за возврат, како на пример извршување на некои од домашните работи.

Имено, бројот на таквите во 2023 година бил 30 отсто, додека претходната година бил 32 отсто. Најдобро платени се косење трева, чистење автомобили, чистење прозорци и градинарство, јавува Би-би-си.