Во Велика Британија почнаа тестирања врз луѓе на вакцина против Ковид-19


Околу 300 лица во наредните недели ќе добијат дози од вакцината, како дел од истражувањето предводено од професор Робин Шаток и неговите колеги од Империал Колеџ Лондон.

Тестирањата врз животни покажале дека вакцината е безопасна и предизвикува ефективен имунолошки одговор. Многу традиционални вакцини се засноваат на ослабена или модифицирана форма на вирусот или делови од него, но вакцината на Империал Колеџ се заснова на нов приод со кој се употребуваат синтетички нишки од генетски код, наречени РНК, кои го имитираат вирусот.

По првата фаза, се планира уште едно тестирање во октомври, во кое ќе учествуваат 6.000 луѓе. Екипата на Империал Колеџ се надева дека вакцината ќе биде готова за дистрибуција во Велика Британија и во странство на почетокот од 2021 година.