Во Велика Британија откриена уште една нова мутација на Ковид-19


 

Во Велика Британија, откриени се два случаи со нова, позаразна мутација на Ковид-19, изјави британскиот министер за здравство Мет Хенкок.

Двете лица кај кои е откриен мутиран вид на Ковид-19, патувале во Јужна Африка, каде што мутацијата е поврзана со зголемување на бројот на случаите со корона вируси.

Поради тоа, воведени се ограничувања за патување во Јужна Африка, а лицата кои патувале во последните две недели во африканската земја и тие кои биле во контакт со оние кои пристигнале од Јужна Африка, треба веднаш да се самоизолираат.