Во Велика Британија од ковид-19 до сега починаа 15.464


Во последните 24 часа, 888 луѓе починаа од новиот корона вирус во Велика Британија, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата достигна 15.464, соопшти Министерството за здравство.

Бројот на заразени се искачи на 114.217 лица, од кои во последното деноноќие се дијагностицирани 5.526.

Британските власти го соопштуваат само бројот на мртви во болниците, а не и на оние кои починале во домови за нега на стари и изнемоштени лица или во други институции.

Организацијата Кеар Ингланд (Care England)  проценува дека илјадници луѓе умреле од новиот корона вирус во пензионерските домови во Велика Британија, далеку повеќе од официјалните бројки. Тие шпекулираат со бројка од 7.500 смртни случаи.