Во велешката Општа болница зголемен бројот на боледувања од медицинскиот персонал

Општата болница во Велес регистрира зголемен број на барања за боледување од страна на медицинскиот персонал, информираше денеска градоначалникот Аце Коцевски.

Тој појасни дека  поради ваквата  состојба, директорот на болницата, упатил барање до матичните лекари да бидат особено внимателни при издавањето на боледувања за медицинскиот персонал кој е неопходен во услови на кризата предизвикана од Ковид-19.

Спортед инфпормациите од велешката Општа  болница, таму медицинскиот персонал од другите одделенија, ротира наизменично и им помага на колегите од Инфективното одделение, а  кои во изминативе скоро три месеци имаат и најмногу работа во справувањето и грижата на пациенти болни со Ковид-19.