Во Варшава изградена новата највисока зграда во Европа


 

Варшавскиот облакодер, во центарот на главниот град на Полска, стана највисока зграда во Европската Унија по поставувањето на 80-метарската игла.

Со тоа, вкупната височина надмина 310 метри, соопшти проектантот.

Зградата е дело на словачката компанија HB Reavis која се занимава со вложувања, проектирање, градежништво, недвижности, управување и советување.

Но, покрај единствената архитектура и фактот дека повисока од лондонски „Шерд“ и зградата „Комерцбанк“ во Франкфурт, пандемијата од корона вирус ја успори или привремено го сопре развојот на зградата. Тоа се однесува на изнајмувањето на просторот.

„Како и целата економија, минатата година за секторот за изнајмување на деловен простор беше многу тешка. Многумина откажаа или го одложија донесувањето одлука за изнајмување канцелариски простор“, рече Мациеј Олчик.

Но, тој не го крие оптимизмот и верува дека тоа е само привремено и дека комапниите ќе сакаат да изнајмат простор во оваа зграда.

Облакодерот треба да биде отворен во 2022 година, ќе има посебна тераса со поглед, два брзи стаклени лифтови кои гостите ќе ги превезува со брзина од осум метри во секунда и барови и ресторани со поглед на центарот на градот.