Во Валона запален луксузен автомобил на македонски државјанин


Во раните утрински часови на паркинг пред хотел кај албанскиот приморски град Валона запален е луксузен автомобил, сопственост на македонски државјанин.

– Автомобилот „ауди“ е во сопственост на Албанец од Кичево, кој живеел и работел во Германија. Тој пред четири дена прстигнал на одмор во Валона, наведуваат албанските медуми.

Полицијата информираше дека автомобилот „Ауди-А8“, производство 2019 година, бил запален во 5:18 часот.

– Според првичните сознанија од увидот автомобилот бил намерно запален откако бил полиен со безнин, од се уште непознати мотиви. Истрагата е во тек, стои во полициското соопштение.

Кичевецот за албанските медиуми изјави дека немал недоразбирања со никого и оти во Валона прстигнал на годишен одмор.

-Јас сум од Македонија, од Кичево, живеам во Германија, дојдовме заради одмор и еве што ни се случи. Автомобилот целосно е изгорен. Не се сомневам во никого, немам недоразбирања со никого. Полицијата истражува, бебедносните камери го имаат снимено настанот, изјави оштетениот, видно вознемирен.