Во Унгарија за еден ден се пријавија над 100 илјади луѓе за вакцина против Ковид-19


На првиот ден од пријавувањето за вакцинацијаја против новиот корона вирус, во Унгарија се пријавија над 100.000 граѓани, соопшти Владата.

Чаба Домотор, државен секретар во кабинетот на Владата, во видео изјава на Фејсбук нагласи дека извршната власт порачала 17 милиони дози на различни вакцини од различни производители.

– Масовната вакцинација ќе почне кога надлежните здравствени институции ќе ја одобрат вакцината, додаде тој.