Во Турција се продаваат два острови
Турција – Острови близу југозападната провинцијата Мугла и западна Баликешир се пуштени во продажба на интернет, објави весникот „Сабах“.
Остров близу Мумарис во Мугла е објавен по цена од 210 милиони фунти (36,7 милиони долари), и е пуштен во продажба на 22 септември од турски бизнисмени, кои живеат во САД. На островот има три малечки одвоени куќи и може да се користи за градење на дополнителен имот, ресторан и мала марина. Големината на островот, кој има четири заливи, е 316.000 квадратни метри.
Островот беше купен од турски бизнисмен кој живее во САД во 1980 година за изградба на хотел и во тоа време таму започна реконструкција. Сепак, плановите за хотелот не се реализираа, бидејќи островот во 1983 година беше прогласен за заштитено подрачје од прв степен. Откако не успеа да ја врати инвестицијата, сопственикот повторно го даде островот на продажба. Ограничувањата на заштитениот статус овозможуваат изградба на објект за дневна туристичка дестинација и мало островско пристаниште. Тој исто така е ослободен од даноци пет години, затоа што е во границите на провинцијата Мугла.
Една недела пред островот во Мугла да биде објавен за продажба, еден од 22 егејски острови во провинцијата Баликешир, исто така, беше огласен за продажба преку Интернет.
Островот, кој се наоѓа крај брегот на Ајвалик и Гамех, моментално е во сопственост на три семејства и за прв пат беше продаден во 2002 година. Цената на овој остров кој се наоѓа само 230 метри од брегот, е 115 милиони лири (20 милиони американски долари). Островот е само 12 километри од крајбрежното одморалиште градот Ајвалик. Големината му е 265.000 квадратни метри и таму има три куќи со вкупно 450 метри квадратни.