Во Турција регистрирани уште 12 случаи на коронавирус, сега се вкупно 18 заразени


Турција– Во Турција во последните 24 часа се регистрирани уште 12 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот  број на заразени во земјата веќе се зголеми на 18 лица, јавија британските медиуми, повикувајќи се на изјава на министерот за здравство Фахретин Коџа.

Ова е најдрастично зголемување на регистрираните случаи во Турција до овој момент.

Министерот Коџа изјави дека два од новите случаи се луѓе кои имале контакт со првиот заразен, а другите се граѓани кои биле во посета на Европа и САД.

Анкара веќе воведе мноштво мерки против ширењето на епидемијата, како што се затворање на училиштата и универзитетите, оддржување  спортски настани без публика и откажување на летовите од многу држави.

Освен тоа, многу муслимани, кои се враќаат од светите градови во Саудиска Арабија од претходно веќе се ставени под карантин, а Министерството за внатрешни работи соопшти дека баровите и ноќните клубови од денеска се затвораат за да се спречи ширењето на Ковид-19.