Во Турција 4.789 новозаразени од корона вирус, вкупно околу 57.000


Во Турција денеска се потврдени уште 4.789 случаи на заразени со корона вирус, со што вкупниот број достигна 56.956 лица.

Вкупниот број починати, со новите 97, изнесува 1.198 лица, изјави министерот за здравство Фахретин Коча.

Досега се излекувани 3.446 пациенти. За 24 часа се тестирани 35.000 луѓе.