Во тропска бура во Виетнам и Камбоџа загинаа најмалку 40 луѓе

 

Најмалку 40 луше загинаа во Виетнам и во Камбоџа, а уште десет се водат како исчезнати во поплавите кои настанаа иткако тропската бура Нангка денеска дојде до виетнамскиот брег, јави Ројтерс.

Обилните дождови од почетокот на октомври предизвикаа поплави на ова подрачје и досега веќе се раселени илјадници луѓе. Се очекува дека следните денови ситуацијата ќе се влоши.

Тропската бура Нангка се движи со брзина од 100 километри на час, а ја следат обилни дождови.

Во поплавите досега загинаа 28 луѓе во Виетнам, а 11 во Камбоџа. Во Виетнам уништени се повеќе од 130.000 домови, а во Камбоџа 25.000.

Витенамскиот премиер Нгујен Чуан Пук наложи војската да испрати дополнителни сили за да помогнат во наоѓањето на исчезнатите.