Во трката за наследник на Борис Џонсон останаа уште тројца


На денешното гласање отпадна Кеми Баденок

 

По денешното гласање на пратениците на Конзервативната партија на Британија за наследник на премиерот Борис Џонсон останаа само уште тројца кандидати. И натаму во сигурно водство е поранешниот министер за финансии Риши Сунак. Тој доби 118 гласови (три повеќ од претходниот круг), по него следат министерката за меѓународна трговија Пени Мордонт со 92 (повеќе за 10) и шефицата на дипломатија Лиз Трас со 86 (повеќе за 15). Од трката испадна Кеми Баденок, која доби 59 гласови (плус 1).

Следното, кобечно гласање е утре, по што првите двајца пласирани ќе одат на изјаснување на вкупното членство на Конзервативната партија кое изнесува околу 200.000.