Во три одделни сообраќајки една жртва и тројца повредени


Фото: Б. Грданоски

Во три одделни сообраќајни незгоди, во кои две возила излетале од патот, еден возач починал, а тројца учесници во сообраќајот се потвредени, нотира полицискиот билтен.

Имено, во понеделникот,  во ОВР Кочани било пријавено дека во периодот од 23.00 часот на 02.02.2025 до 16.30 часот на 03.02.2025 на земјен пат кој го поврзува локалниот пат с.Оризари – с.Пресека со маало „Јовевци“ од с.Д.Пресека, кај место викано „Лозата“, патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(57) од с.Стар Караорман, излетало надвор од коловозот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот В.Д.. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кочани.

Истиот ден, околу 18.24 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат с.Драгоево со магистралниот пат Радовиш – Штип, патничко возило „рено меган“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.И.(36) од Штип, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Д.Т.(36) од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.

Околу 14.15 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на магистралниот пат А3, кај крстосница База Гранит – Кочани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.П.(22) од с.Грдовци, кочанско и патничко возило „шевролет спарк“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.С.(41) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.С., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.