Во третиот квартал имало 693.062 вработени и 115.266 невработени лица


 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2022 година, активното население во Република Северна Македонија изнесува 808.328 лица, од кои вработени се 693.062, а 115.266 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 55,2 отсто, стапката на вработеност 47,3 отсто, а стапката на невработеност изнесува 14,3 проценти.