Во товарно возило најдени мигранти од Непал, возачот избегал


 МВР соопшти дека вчера, полициски службеници, при преглед на товарно возило пред наплатната станица Демир Капија, пронашле 19 мигранти од Непал. 

Во 09.45 часот на автопатот Градско – Демир Капија, полициските службеници дале знак за запирање на возилото „фиат дукато“ со крушевски регистарски ознаки, по што возачот ја намалил брзината, скокнал од возилото и го напуштил местото.

Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.