Во Тијанјин во Кина распука земјата, евакуирани илјадници граѓани


Илјадници лица се евакуирани од неколку станбени згради во северниот кинески град Тијанјин во последните денови, откако лизгањето на земјиштето создаде големи пукнатини на околните улици, соопштија локалните власти.

Големите пукнатини се појавиле на улиците во близина на станбен комплекс во областа Џинан, во Тијанјин.

Според информациите објавени од локалните власти на социјалните мрежи, пукнатините достигнуваат длабочина од 1.300 метри.

Во последните шест дена, од 3 јуни, од најмалку три 25-метарски згради во блиските хотели се евакуирани 3.899 жители, пренесува весникот „Глобал Тајм“ (Global Time).

Градската управа на Тијанјин инцидентот го оцени како „ненадејна геолошка катастрофа“, откако првичните информации беа добиени од експерти и неколку владини служби кои ги фотографираа локациите.

„Не може да се исклучи дека дупчењето на геотермалните извори резултирало со губење на почвата и нејзино уривање во оваа област“, ​​соопштија од Градската управа.

На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледаат искривени улици, а споменатиот ’инцидент’ повторно го отвори прашањето за безбедноста на станбените згради во Кина.

Инаку, кинеската влада воведе строги правила и строги казни во случај на незадоволително управување со недвижностите.

Покрај тоа, кинеските власти неодамна иницираа неколку состаноци на високо ниво за подготвеност за геолошки и скриени катастрофи.