Во Тетовско повеќе возеле со алкохол, а во Гостиварско побрзо од дозволеното


Фото: Б. Грданоски

Сообраќајната полиција во Тетовско и Гостиварско викендов контролираше возење по дејство на алкохол и над дозволената брзина, информираат од СВР Тетово.

Вкупно контролирани биле 124 возачи, 80 во Тетовското подрачје и 44 во Гостиварско. Од нив, 19 возачи управувале под дејство на алкохол

-Од 19-те санкционирани, 11 биле од Тетовско, а 8 од Гостварско. Веднаш се исклучени од сообраќај, а на 17 од нив времено им се одземени и возачките дозволи.Покрај тоа, изготвени се и 18 мандатни и еден прекршочен платен налог, информира портпаролот во СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Во овој период, но во друга контролна акција, исто така, откриени и законски санкционирани се и 50 возачи кои во и надвор од населено место ја пречекориле максимално дозволената брзина. Во Тетовско биле регистрирани 19, а во Гостиварско 31 возач.