Во Тетово воведени рестрикции за вода
Во Тетово од денеска ќе има привремен прекин во водоснабдувањето секојдневно по вкупно шест часа поради рестрикциите што ги воведе јавното комунално претријатие. Причина е дефектот на филтрите во пречистителната станица на новиот водоснабдителен систем.
„Недостатокот на вода е резултат на дефект на филтрите од пречистителната станица на изворите во Лешница, кои што моментално се надвор од употреба. Принудени сме да преземеме рестриктивни мерки за водоснабдување според следниот распоред – во временски интервал од 12,30 до 15,30 часот и од 01,00 до 04,30 часот. Бараме разбирање за оваа непријатна ситуација во овие ограничени временски периоди на водоснабдување“, информираат од ЈКП Тетово.
Од ЈКП Тетово истакнуваат дека нивните работници работат на надминување на техничките проблеми.