Во тешка сообраќајка кај Дебриште загина човек, а повредени се петмина


 

Во тешка сообраќајна незгода што се случила на патот Градско – Прилеп, во неделата наутро, загина 36-годишен сопатник во возило, а петмина се потредени, соопшти МВР.

Сообраќајката се случила во 8.30 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај село Дебриште. Во неа учествувале патничко моторно возило „голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(34), од село Острец, Битолско и патничко моторно возило „ланд ровер“ со велешки регистарски ознаки, управувано од О.Г.(30) од Велес. Во незгодата починал сопатникот од возилото „голф“ Б.Д.(36).

Со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Д., додека возачот О.Г. и тројца сопатници од двете возила се здобиле со телесни повреди. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Велес.