Во Тексас, мајка, татко и две ќерки починаа од корона вирус во еден месец


 

Мајка, татако и нивните две черки од Тексас починаа од последиците од корона вирус во неполн месец.

Како што пренесува Метро, прво на возраст од 49 години починала постарата ќерка Анџелика Баутиса, на 14 јули, потоа на 31 јули починала мајката на возраст од 70 години, По само три дена, на 3 август, починала и другата ќерка 37-годишната Марисол. А на 11 август починал и таткото 75-годишниот Анелардо Баутиса.

„Се чинеше дека татко ми оздравува од короната. Со него ситуацијата беше во ред, мислевме дека оздравел, но губењето на три сакани личности го повлече на дното. На крајот и тој почина“, вели Гери Баутиса, син кој исто така имал корона вирус, како и неговата сопруга.

„Во еден момент цело време плачев, а потоа кога почина и татко ми, се скршив. Бев во шок“, вели Гери за локалната телевизија.

Гери поради короната бил во болница неколку дена, но оздравел. „Секој пат кога ќе се закашлав како некој да ми ги притискаше градите“, вели тој.

„На сите, заразените и мртвите им се само статистика и број. Но тоа се човечи битиа. Не смееме да зборуваме самоза броки. Треда за починатите да кажеме дека биле нечии татковици, мајки или деца…“, вели на крајот Гери.