Во тек се жестоки улични борби во Мариупол


 

Портпаролот на украинското Министерство за одбрана, Олександр Мотузјаник, во петокот изјави дека во тек се улични борби во опколениот пристанишен град Мариупол, кој руските сили не успеале целосно да го заземат.

Мотузјаник рече дека активни борби се водат околу фабриката за челик и железо „Илич“ во Мариупол, како и во областа на пристаништето.

Мотузјаник изјави и дека за прв пат од почетокот на нејзината инвазија, Русија употребила бомбардери со долг дострел за да го нападне Мариупол. Според него, освен кон Мариупол,

Русија ги концентрира своите напори за заземање и на градовите Рубижне и Попасна. (Ројтерс)