Во тек е најголемиот онлајн-саем за вработување во Македонија и регионот


Од 7 до 14 октомври ќе трае најголемиот регионален онлајн-саем за вработување на кој се отворени 500 понуди за вработување.Со  клик на веб-страницата www.regionalensaemzavrabotuvanje.com секој може да се вклучи на саемот на кој повеќе од 80 компании од Македонија и регионот бараат вработени, при што повеќе од 100 работни места се отворени само во Македонија.

Компаниите бараат нови вработени во секторите ИТ, трговија и финансии, а секој што ќе го посети саемот, освен што ќе може да аплицира на отворените работни позиции, ќе може и да разговара со својот потенцијален работодавец преку чет или видеоповик.

Саемот трае 8 дена и е достапен 24 часа на ден преку сите десктоп и мобилни уреди.

Компании изложувачи на саемот се: „А1 Македонија“, „Кроација осигурување“, НЛБ банка, „Македонски телеком“, „Магна интернационал“, „Телеперформанс Скопје“, „Киел Македонија“, „Дата мастерс“, Aptiv, BREON, „Маркарт“, „Костал“, „Алкалоид“ АД Скопје, „Лакталис“, ЕСИ, Loka, Vipper.com и SPAR Hrvatska.

Саемот до денес го посетија над 40.000 посетители од Македонија, а ќе биде отворен до среда.