Во тек е епидемиолошка анкета за контактите на Спасовски, велат од Владата

Фото: Б. Грданоски

По објавата од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски дека имал позитивен тест за ковид-19, во тек е епидемиолошка анкета за контактите коишто тој ги имал деновиве, по што ќе се знае точно кој ќе добие решение за домашна изолација, велат од Владата.

На прашањето за контактите на Спасовски, од Владата ни одговорија дека „сите контакти на министерот Спасовски биле со почитување на мерките за физичко растојание, носење заштитна маска и избегнување на групирања“. Оттаму уште потсетуваат дека седниците се одржуваат преку видео-конференциска врска.

Што се однесува до премиерот Зоран Заев, од Владата велат дека тој немал директни контакти со министерот, надвор од здравствените протоколи за лична заштита, но ќе направи тест на коронавирус. (МКД.мк)