Во Техеран втор ден протести на трговците поради инфлацијата и девалвацијата на риалот
Иранските трговци денеска, втор ден по ред протестираат поради рекордно високата девалвација на домашната валута риалот во однос на американскиот долар.
Илјадници трговци денеска во центарот на Техеран протестираа и ги повикаа другите да ги затворат продавниците и да им се придружат.
Полицијата не интервенираше на вчерашниот протест на кои беа извикувани и антивладини слогани.
Денеска еден американски долар се менува за околу 1,38 милиони риали.
Поради забрзаната девалвација растат цените на граната и другите неопходни артикли. Според државниот Центар за статистика инфлацијата во декември изнесува 42,2 отсто.
Цените на храната се зголемени за 72 проценти, а на лековите за 50 отсто.