Во светот речиси 50 милиони луѓе заразени со корона вирусот


Бројот на новозаразени луѓе со КОВИД-19 во светот се искачи на 49.685.311.

Новиот коронавирус е присутен во повеќе од 210 држави, во кои од последици од заразата починаа 1.249.030 луѓе.

Според бројот на инфицирани на прво место е САД со 10.059.782 заразени луѓе, а потоа следат Индија – 8,4 и Бразил со 5,6 милиони заразени. Додека во Русија,Франција, Шпанија, Аргентина, Велика Британија и Колумбија бројот на инфицирани се движи од еден до два милиона луѓе.

Најголем број на смртни случаи се регистрирани во САД (околу 236.000 луѓе), потоа следат Бразил (162.000) и Индија (125.000).

Но, според бројот на починати на 10.000 жители на прво место е Белгија (10,95 проценти), потоа следат Перу (10,64), Шпанија (8,3), Боливија и Бразил (7,72 отсто).