Во судството нема морал, вели Александар Николоски


 

Потпретседателот на владата, Александар Николоски, синоќа рече дека интерпелацијата за членовите на Судскиот совет треба да заврши што е можно побрзо и тие да си заминат од него. Според него, најголем проблем во судството е недостатокот на морал и однос кон јавноста, што ја прави ситуацијата неодржлива.

„Оваа коалиција која не ги поддржува, тоа е коалицијата ВМРО-ДПМНЕ, ‘Вреди’ и ЗНАМ, има 78 пратеници и е многу јасна е разликата. И кога видоа дека ние поднесуваме интерпелација, очекував попладнето да поднесат оставки, но и со тоа што не поднесоа оставки покажаа дека немаат никаков морал, никакво чувство за одговорност кон јавноста и затоа е состојбата ваква каква што е“, изјави Николоски во разговор за Сител.

Иницијативата за распуштање на Судскиот и Обвинителскиот совет е само првиот чекор кон подобрување на ситуацијата, со цел да се врати довербата во судството и да се подобри правдата во земјата. Недостигот на морал и одговорност во судскиот систем го прават овој проблем уште посложен, изјави вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

„Јас да имам 2 отсто поддршка, би ми било срам на улица да излезам, а камоли да се занимавам со јавна работа“, рече тој. Николоски вели дека луѓето масовно ја напушталие државата не од економски причини, туку затоа што немало правда. „Ова е проблем број еден и мислам дека е добро што премиерот Мицкоски ја потегна оваа иницијатива, го почувствува пулсот на народот, и мора да најдеме решенија“.