Во судирот на пет возила во Ѓорче Петров повредени 10 млади лица


Ужасна сообраќајна несреќа, во која учествуваат повеќе возила, се случи доцна синоќа во скопската населба Ѓорче Петров.

Се судрија повеќе автомобили. На видеата објавени на социјалните мрежи може да се забележи дека е предизвикана сериозна материјална штета.

Сведоци тврдат дека силата на ударот била толку силна што звучела како експлозија.

 

Тешко повреден е 19-годишниот возач Л.Ј. од село Кондово, кој управувал едно од возилата „бмв“. Со телесни повреди се здобиле и двајца негови сопатници, како и шест лица од другото „бмв“ и возачот на „мерцедесот“, Б.Р. (28) од село Глумово.

Повредените се пренесени во Ургентниот центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „8 Септември“, каде им била укажана медицинска помош.

За несреќата е известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје