Во стан во Загреб, убиена е жена


 

Во еден стан во хрватскиот главен град Загреб, убиена е жена, јавуваат тамошните медиуми.

Телото е најдено во стан во улицата „Драга Гарваис“.

Според полицијата, ноќеска, во 2.45 часот, во стан е пронајдено мртво тело со траги на насилство, што упатува на насилна смрт.

Лицето кое се доведува во врска со настанот е приведено во службени простории ан полицијата.

Се врши увид и криминалистичко истражување.

Повеќе детали за случајот не се наведени.