Во српското МНР повикан бугарскиот амбасадор


Србија- Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, синоќа изјави дека според неговата наредба, бугарскиот амбасадор бил повикан на разговор во Министерството за надворешни работи.

„Србија со Бугарија како соседна земја сака добри, пријателски и сојузнички односи, што подразбира високо ниво на разбирање за најважните интереси на двете земји и на две нации”.

„Како што имаме разбирање за прашањето за бугарскиот национален идентитет, јазикот или Гоце Делчев, исто така очекуваме разбирање за важноста на косовското прашање за српскиот народ. Затоа, оваа изјава на бугарскиот премиер не се однесува на прашањето за квотата за риболов или квалитет на српско сирење во преговорите со Европската унија, туку се осврнува на прашањето за територијалниот интегритет на Србија”, нагласува Дачиќ во изјава доставена на Танјуг.

Како што истакна, ваквите изјави мора да бидат прецизни, бидејќи не е точно дека целата Европска Унија има единствен и заеднички став за независноста на Косово.