Во срцето на Хомоље, Србија, не се крие само злато, туку и свежина на меурчињата од недопрената природа
Ова е приказна за регионот на Србија каде што се среќава недопреното зеленило на бескрајните шумски дождовни шуми, мистични приказни и легенди стари со векови кои мамат со својата мистерија. А во центарот е вода од длабочина од 280 метри
Спектакуларно доживување за сите сетила беше промоцијата на новиот член на семејството „Роса“, природната минерална вода – газираната „Роса Хомоље“, веќе присутна во Србија, а наскоро и во Македонија. Со уникатна мултимедијална визуелна изложба „Хомоље те вика – Длабока шума“ во една од најубавите пештери во Србија, Рајкова пештера, партнери, пријатели, и претставници на медиумите од Србија и од Македонија, во прекрасниот амбиент на Хомоље, од каде потекнува блескавата минерална вода „роса“, имаа можност да уживаат, да слушнат интересни факти за флората на регионот, да направат тинктури од локални автохтони растенија, да ја дегустираат храната од овој регион, а на крајот од денот да уживаат во преноќувањето во луксузни шатори, т.н. наречен глампирање и во погледите на ѕвезденото небо покрај логорскиот оган.
„Ова е прв пат еден бренд да се претстави на ваков иновативен начин. Користејќи ги најсовремените дигитални технологии, сакаме да евоцираме дел од уникатната убавина на регионот Хомоље, на кој припаѓа и ‘Роса Хомоље’. Сакавме да ја покажеме моќта на недопрената природа во комбинација со освежителни меури и да создадеме уникатно искуство, како и да ги претставиме вредностите на самиот бренд ‘Роса Хомоље’“, изјави за медиумите Агнес Ивковиќ, менаџер на брендот Rosa Water, чиј сопственик од 2005 година е Coca-Cola HBC.
Со одличен минерален состав, од длабочина од 280 метри, „Роса Хомоље“ содржи единствена рамнотежа на калциум, магнезиум и калиум во комбинација со ниска содржина на натриум. Еден литар газирана „Роса Хомоље“ задоволува 30% од дневниот референтен внес на калциум за возрасни.
Во соработка со партнерите: Заводот за заштита на природата на Србија и туристичката организација Мајданпек, настанот „Хомоље те вика“ покрај самиот бренд, ја промовираше и природната убавина на Хомоље, како еден од најубавите делови на Србија, оаза на недопрена природа.
„Хомоље е место каде владеат шумите“
Хомоље е синоним за недопрена природа: зелени површини кои допираат подалеку отколку што може да стигне погледот, густи и бујни шуми каде што секој конечно дише со полни бели дробови, како и уникатен, зелен простор кој од сите страни е ограничен со планински масиви. Доволни ви се неколку часа да сфатите колку е моќна тишината и убавината на недопрената природа. Само звуци од птици и жуборење на вода.
Планините Хомоље на исток од Србија се исклучително погодни за љубителите на планинарењето, а овие тури не мора да се прилагодат само на највештите – благиот терен е за сечиј вкус и физичка подготвеност.
Легендата вели дека во планините Хомоље на дното на златната пештера се наоѓа богатство кое мештаните од овој крај сè уште неуморно го бараат. Дури се верува дека самата планина го проголтала и дека сега е на дното на златната пештера. Пештерата наводно ја чува водениот дух Тартор, кој го нарекуваат и Старец или Албатриец, поради кој на локалното население им е страв да влезат во водата за време на нивната неуморна потрага по закопаното богатство.
Оваа област се карактеризира со голем број пештери, а Рајковата пештера е една од најубавите во Србија, но и најинтересна, поради легендата за богатството на Рајко скриено длабоко во неа. Убавината на Хомоље, како што често се нарекува, скриена во густа шума, официјално била отворена во 1970-тите, а легендата вели дека е откриена на почетокот на деветнаесеттиот век, кога Рајко Војвода извршил рација во оваа област, ограбувајќи турски каравани ноќе. Бидејќи не можел да го однесе украденото злато дома, пленот го сокрил во пештера. Така го добило името ова големо природно богатство на Србија – Рајкова пештера.
Пештерата првпат ја истражувал географот Јован Цвијиќ во 1894 година и е најголема бела пештера во Србија. Богата е со пештерски накит од различни форми, температурата е само 8 степени, а според локалниот водич е многу посетена, иако чуството е траорно ама атмосферата ја омекнува вистинската аудио-визуелна 3Д изведба и доживување на водопад и палми во разни бои, благодарение на Rosa Water.
Областа Хомоље е на 150 километри од Белград до која се стигнува за малку повеќе од очекуваното, (некаде околу седум часа возење од Скопје), поради спецификите на патот, но верувајте дека вреди секоја минута помината во возење.
Источна Србија е неоткриен скапоцен камен за многумина. Поминувајќи покрај патот, може да се видат типични куќи на гастарбајтери со уредени дворови, земјоделски ниви, по некоја продавница и само човек на улица – но самата област е прилично „заспана“. Никаде ѓубре, сѐ е чисто, како да не сте на Балканот.
Сакате целосен контакт со природата? Тогаш овој регион е дестинација за вас. Од друга страна, не можевме да се отргнеме од впечатокот дека е неверојатно што толку блиску до рудникот во Мајданпек има прекрасна, зелена, набиена оаза.
Асфалтниот пат, покрај брегот на реката Мали Пек и вештачкото езеро Велики Затон, води до пештерата Рајкова, на само 2 километри од Мајданпек.
Веројатно, секогаш кога ќе посегнеме по новата газирана вода, „Роза Хомоље“, ќе се сеќаваме на овие пејзажи и со задоволството што го будат.