Во Србија уште 408 новозаразени, петмина починаа


 

Во Србија денеска се забележани нови 408 случаи на заразени од ковид-19 од тестирани 2.880 луѓе.

На конференцијата во 15 часот беше речено дека вкупно заразени кај нашиот северен сосед има 4.862 лица.

Од корона вирусот во последните 24 часа починале уште петмина, две жени и тројца мажи, а бројот на починати се искачи на 99. Во моментот во болница се 3.245 пациенти, на респиратор 128, а излечени се 165.